Press "Enter" to skip to content

На вечерта во знак на големиот Шопен, настапија млади музички битолски таленти (фотогалерија)

Друштво за македонско – полско пријателство и соработка “Висла” – огранок во Битола и Државно музичко училиште од Битола ја организираа традиционалната “Шопенова вечер“ која се одржа синоќа во концертната сала во Завод и Музеј.Младите музичари ги изведоа најпознатите дела на големиот композитор, како што се: Мазурка оп.24 бр.1, Етида оп.пост ф-мол, Валцер оп.64 бр.2, Валцер оп.пост е-мол, Полонеза оп.пост гис-мол, Гранде Валцер оп. 42, Ноктурно оп.48 бр.1, Полонеза оп.26 бр.1…Пред преполн аудиториум дела на Фредерик Шопен исполнјна: Ева Неделковска, 5 одд.,
Софија Михајловска, 6 одд., Кристијана Илиевска, 7 одд..Деан Павловски, 8 одд., Николче Петкоски, 8 одд., Викторија Чавдаровска, I клас, Андреа Николовска, 9 одд., Јована Арсоска, I клас, Михаил Јагуриноски I клас.Емануел Петрески II клас, Љубица Здравковска, II клас, Исидора Ангелеска, III клас, Злата Даниловска, III клас, Христина и Бојан Димитровски, III клас.Како ментори на учениците кои настапија беа професорите: Марија Шамоска Буџаковски, Ана Попова Трајановска, Билјана Димовска, Маја Божиновска, Вера Поповска, Верица Дивитарова и Јана Четелева Белевска.Големиот број на љубители на музиката на Шопен со голем аплауз ги наградуваше сите млади музичари, кои пак од друга страна одлично се претставија пред нив.