Press "Enter" to skip to content

Соопштение на “Нискоградба“ за плаќањето на сметките

Почнувајќи од месец ноември 2019 година при наплата на сметките за канализација во сите подружници на “Македонски пошти” се наплаќа провизија од 15,00 денари по сметка, за што претходно не добивме известување од нивна страна.

За граѓаните да не бидат непотребно изложени на дополнителни трошоци, сметките од “Нискоградба“ може да ги плаќаат во наплатниот центар на ул. “Булевар 1. Мај“ бр. 136 и во дирекција на ул. “Булевар 1. Мај бб“, а наскоро и во новиот наплатен центар во зградата на “Работнички Универзитет” на улица “Рузвелтова”.

Исто така наплатата на сметките за канализација може да се изврши и преку интернет порталот https://niskogradba.pelanet.mk/ , како и преку следните Банки;
– Стопанска банка АД Битола
– Комерцијална Банка
– НЛБ Банка
– Прокредит Банка
– Уни Банка
– Шпархасе Банка
– ТТК Банка
– Централна кооперативна Банка
– Халк Банка

КЈП “Нискоградба“  – Битола