Press "Enter" to skip to content

Неочекуван пораз на кошаркарите на Пелистер во Битола (фотогалерија)

Пелистер – Кожув 66:80 (16:19, 14:19, 16:19, 20:23)

Спортска сала “Боро Чурлевски“, гледачи 500

Судии: Митровски, Панев и Златевски.

Пелистер:  Враниќ 12, Цветковски 9, Мекиќ 9, Пенов 9, Казарновски 14, Трсунов, Зекири 5, Обедниковски, Гулевски, Атанасовски, Голубовиќ 6, Думиќ 2.

Кожув: Пајне 11, Стајиќ 21, Кароџовски 15, Трајковски 9, Мареро 14, Петров, Пајиќ, Колев 2, Шутаров, Лефковски, Лазаревски, Џанавициус 8.Во рамките на седмото коло на Првата лига, Кожув го совлада Пелистер со 66:80 во добра игра во сите четвртини во кои не му дозволи на “пелистерци“ да се доблиќат и да свртат натпреварот во нивна косрист. 

Гевгеличани запoчнаа подобро и имаа солидна предност на почетокот, но Пелистер дојде до -3 на крајот од првата четвртина, но и -8 (10:18).Во втората четртина Пелистер по 4 минути намали на -1 (28:29), но потоа пак серија на Кожув за 28:38, а на одмор се отиде со 30:38 со кош во последната секунда.

Трета четвртина во целост им припадна на гостите а домашните со многу технички грешки не успеаја да влезат во зазвршницата со мала разлика, 46:57 за Кожув. Предноста на Кожув во завршницата дојде до 17 кошеви и практично беше решен победникот, Кожув славеше со 66:80

Најефикасни во екипата на Пелистер беа Казарновски со 12 и Враниќ со 12 поени.