Press "Enter" to skip to content

Деновиве пред 10 години: ракомет Пелистер-Вардар и меѓународен натпревар, Стевче против Вујовиќ, непријатно изненадување за Диви (фотогалерија)

-Јас бев спортски новинар и најповеќе настани имам забележано во моите сеќавања од спортски натпревари, па затоа битолчани, кои го сакаат ракометот ќе ги потсетам за крајот на ноември 2009 година, кога во Битола, во салала “Младост“ за неколку дена се одиграа два значајни натпревари, започна со своите сеќавања Димче Миновски.-Прво да бидам презизен, на 21 и 25 ноембри 2009 година ракометарите на Пелистер одиграа натпревари од Супер лигата и еден на меѓународен план, но прво за домашниот.-Пелистер го пречека вечниот ривал екипата на Вардар, тогаш предводена од Веселин Вијовиќ, а тренер на Пелистер беше Стевче Стефановски. Во тимот на Пелистер играа Зарков, Николовски, Јанкуловски, бранеше Тосковски, а помошник на Стефановски беше Борче Марковски.Овој натпревар ќе остане забележан и по навивањето, додава Миновски, што оставило најголем впечаток.-Претходно во Вардар од Пелистер замина голманот Ангелов-Диви, а во Скопје даде несреќна изјава дека “Комитите“ биле најдобри, а не “Чкембарите“, во таков контекст. Па “Чкембари“ му приредија за него непријатно изненадување, што јас за прв пат го видов во Битола на трибини. не би сакал да кажувам повеќе, а битолчани, посебно оние 5.000 кои беа на трибини знаат, вели Миновски, доајен на битолското новинарство.Миновски потсетува дека во Битола пред тоа, пред некој ден, гостувала и романска екипа кога Пелистер играл меѓународни натпревари.