Press "Enter" to skip to content

Новогодишен хуманитарен базар во хотел “Епинал“

“Да ја претвориме Битола во најубава новогодишна бајка“ е мотото на новогодишниот хуманитарен базар во организација на здружение “Златно Перо‘‘-Битола и Хотел Епинал Битола.

Сите дечиња имаат право за Нова Година да бидат среќни и да добијат подарок од Дедо Мраз. Па оваа година имаме можност да бидеме вистински Дедо Мразовци за дечињата од социјално загрозени семејства.

Ајде заедно 21 декември од 10 до 18 часот “Да ја претвориме Битола во најубава новогодишна бајка“ во летна бавча на хотел “Епинал‘‘.

Собраните средстав ќе бидат наменети за социјално загрозени семејства, купување на пакети со храна, а организаторите ги покануваат малите, средн и големи претпријатија, занаетчии кои изработуваат (накит, колачи), слаткарници, винарии, ресторани, пицерии, продавници за украси да бидат дел од базарот.

Во рамките на базарот ќе се одржи тркалезна маса на тема “Сиромаштија и фрлањето на храна“.