Press "Enter" to skip to content

СВР Битола: ранет ловџија на лов во Мариово и нападната двајца битолчани

На 24 ноември во СВР Битола е пријавено дека во Клиничка болница Битола е пренесено повредено лице. Од страна на увидна екипа при СВР Битола извршен е увид при што е утврдено дека станува збор за М.Б. (46) од с. Добрушево кој, според пријавеното, околу 10.00 часот бил на лов со синот Х.Б., како и со П.В. и С.М., при што тој бил погоден од огнено оружје во атарот на с.Градешница – Мариово. Кај М.Б биле констатирани телесни повреди.

На 24 ноември околу 04.00 часот во СВР Битола е пријавено дека Н. П. (30) и Н. П. (30), и двајцата од Битола, во близина на угостителски објект биле физички нападнати од А.Н. Се превземаат мерки за расчистување на настанот.

More from ВестиMore posts in Вести »