Press "Enter" to skip to content

На двата домашни натпревари Еурофарм Работник ќе го водат Мојсов и Соклевски

Еурофарм Работник по раскинувањето на соработката со сега веќе екс-тренерот Стевче Алушевски не се одлучи за брзо именување на нов тренер, а довербата да го водат клубот на преостанатите два натпреаври кои ќе се играат во Битола им на даде на Божидар Мојсов и Ице Соколески.

Двајцата ќе го водат Еурофарм Пелистер на последниот натпревар од групата “Ц“ на Лигата на шампионите против Бидасоа Ирун, кој е закажан за сабота, а потоа по три дена и против екипата на Загреб.

Инаку, за тоа кој ќе седне на местото на Алушевски има разни шпекулации, но кој ќе биде нов тренер на Еурофарм Работник нема официјална најава од клубот.