Press "Enter" to skip to content

Фрањо Миличевиќ – Аба Азис Макаја, духовен водач, за прв пат во Битола (фото)

Светски признатиот духовен учител, писател, сексолог и тантрички мајстор со потекло од Хрватска, Фрањо Миличевиќ, познат како Аба Азиз Макаја, синоќа, за прв пат настапи во Битола, а предавањето го одржа во салата на Заводот и Музеј.Предавањето кое го одржа Аба Азиз Макаја беше на тема “Кундалини – тајни за јогиско здравје, харизма и среќен живот“.Минатата година се одбележа 40-годишниот јубилеј од постоењето на духовно-филозофскиот систем Комаја, а Фрањо Миличевиќ – Макаја е токму основачот на оваа интернационална духовна заедница и сексолошка авангарда. Како интересен соговорник и извонреден говорник, Макаја беше идеален гостин, кој на присутните по предавањето им одговори на горливи прашања од личниот и општествениот развој.Тој преку неговите книги, предавања, семинари, работилници и медиумски гостувања бескомпромисно и компетентно ги обработува темите како што се Спиритуалност и сексуалност; Вљубеноста како духовен метод; Модел на сексуално здраво општество; Спиритуална екологија…Предавањето со краток осврт за работата на здружението “Комаја“ за развој на уметноста на живеењето го отвори претседателот Димитар Митров.