Press "Enter" to skip to content

Александар Касапов со нов мандат на чело на ЛДП – Битола

По завршувањето на трибината на ЛДП која се одржа во Народниот тетар во Битола, се одржа и 7. по ред  изборно собрание на Либерално-демократската партија-Битола, на кое нов мандат да биде на чело делегатите му дадоа на Александар Касапов.Ова ќе биде втор по ред мандар на Касапов на  функцијата претседател на битолската општинската организација, а сите 120 делегати, учесници на Собранието  едногласно гласаа за старо-новиот претседател.Касапов е долги години член на ЛДП, бил советник во Советот на оптина Битола од редовите на ЛДП, беше директор и на ЈП “Пазари“, а сега е вработен во битолската царинарница.