Пелистер Волеј – Ускана 3:0 (25:17, 25:21, 25:19)
Во рамките на првата државна лига на Македонија во Битола во салата на Медицинското училиште се одигра натпреварот од 7. коло, каде Пелистер Волеј, како домаќин убедливо ја победи екипата на Ускана.
Ова е трета победа за младите-сениорки “пелистерки“ кои освоија три нови бода за подобра позиција на табелата, за што тренерот Роберт Митковски вели:
-Секако дека ова е мал чекор напред, но беше неопходно по двата порази од силните екипи од самиот врв да се добие екипата на Ускана, за поголема самодоверба кај младите одбојкарки, кои напоредно покрај во сениорската екипа, дел играат во младинската и кадетската лиха, а што се однесува за самиот натпревар додаде:
-Победникот се насетуваше од самиот почеток, па се до самиот крај, кога во третиот сет девојките притиснаа до максимум, го искористивме добриот прием и дополнително ја забрзавме играта, па успешно го решивме противничкиот блок. Ова беше сет кога експлодира нашата најмала одбојкарка Ева Трпеновска, која денес на своето конто нанижа фантастични 22 поени.
Девојките и целиот стручен штаб искажаа благодарност на верната публика која беше неуморна во бодрењето на девојките, а како велат секогаш е убаво да се слушни од трибините громогласното скандирање, Пелистер, Пелистер кое неминовно доаѓа како награда за убавата игра.
Ова е втора домашна победа, а сега сите мисли се насочени в сабота кога во Битола доаѓа екипата на Јанта Волеј.
Поените денес ги освоија: Ева Трпеновска 22, Ивана Белокозовска 8, Ана Пејовска 5, Изабела Димовска 5, Стефани Најдановска 5, Тамара Жабјановска 4 и Ања Ристевска 3.
С.Р.






