Press "Enter" to skip to content

Билтен на МВР: напад на обезбедување и татко нападнал соученици на синот

На 30.11.2019 во 03,40часот во СВР Битола П.Ј. од Битола пријавил дека во Битола на улицата “Партизанска“ во ноќен клуб каде работел како обезбедување тој и неговитедвајца колеги биле физички нападнати од едно лице- гостин во угостителскиот објект. Се работи нарасчистување на случајот.

На 29.11.2019во 16,45 часот К.Х.В. (30) од Битола во СВР Битола пријавила дека истиот ден помеѓу 11,30 и 12,00 часот, нејзиниот син и уште еден малолетник биле физички нападнати од А.Б., татко на нивен соученик од с. Долно Оризари. Истиот ден во врска со овој настан во СВР Битола пријава поднел и В.Б (42) од Битола татко на вториот малолетник кој бил нападнат од родителот на неговиот соученик.