Press "Enter" to skip to content

Шаховскиот турнир “Опен Державин – 2019“ по четврти пат на “Славкански“ (фото)

Во во големата конференциска сала на “Меѓународниот Славјански Универзитет“ започна шаховскиот турнир “Опен Державин – 2019“ на која е собрана младинската шаховска елита од нашата земја.На отворањето присутни беа најдобрите по рејтинг Андреј Вељаноски и Матеј Ѕвездакоски, државните прваци Антон Златков, Леонид Петрески, Михаела Зрмановска, Јована Давиткова, Андреј Калин, Никола Петровски и Наде Смилевска во различни возрасни категории.-Меѓународниот славјански универзитет „Г. Р. Державин“ веќе традиционално по четврти пат го организира младинскиот шахоски турнир „Державин“ кој како и минатата година, така и оваа, е пријавен и рејтингуван од страна на Светската шаховска федерација. Се работи за еден од најквалитетните младински турнири, со награден фонд од 55.000 денари. Пријавени беа вкупно 34, а настапија 31 кандидат, со тоа што албанските шахисти поради елементарната непогода го откажаа своето присуство, рече раководителот на “Славјански“, Игор Михајловски. 

Турнирот за отворен го прогласи градоначалничката на Општина Битола Наташа Петровска, која истакна дека и натаму ќе ги охрабрува успесите на младите во индивидуалните спортови, кои покрај личните успеси, носат успех и на општината, која одигра ревијална партија шах со  најмалиот државен првак, Наде Смилевска.Младинскиот шахоски турнир „Державин“ како и минатата година, и годинава е пријавен и рејтингуван од страна на Светската шаховска федерација. Се работи за еден од најквалитетните младински турнири, со награден фонд од 55.000 денари.

Денес започнува и вториот паралелен турнир “Рапид Державин – 2019“ кој е наменет за најмладите шахисти.