Press "Enter" to skip to content

Деновиве пред 10 години: УКЛО прослави 30 години постоење во 2009 година (фотогалерија)

Меѓу позначалните настани кои во Битола се случија во декември 2009 година подвлечено го имам одбележувањето на јубилејот на Универзитетот “Св. Климент Охридски“ од Битола, започна со сеќавањата за настаните во 2009 година, Димче Миновски.-Ова беше голем јубилеј за нашиот Битолски јубилеј, а како е секогаш започна со положување на цвеќе на големиот споменик во дворот на Ректоратот, на Св. Климент Охридски, а во негова чест се поклониј раководството на УКЛО и сите ректори и декани од високо образовните институции во државата, вели Миновски.Потоа се одржа конфенерција во хотел “Епинал“ каде, тогашниот ректор проф. д-р Златко Жоглев, им додели благодарници и посебни признанија на сите кои биле заслужни за развојот на битолскиот универзитет.-На крајот, односно главна манифестација за прославата на УКЛО беше свечената акаденија која се одрќа во Домот на културата, каде се зборуваше за развојот на Универзитетот и сите факултети во Битола, за почетоците, за иднината…По свечената академија се одржа концерт на сериозна музика, а претходно пред Академијата имаше други манифестации, како игри за студентите, литературни читања, предавања… се присеќава доајенот на битолското новинарство, Димче Миновски.Исто така имаше и програма на плоштадот “Магнолија“ каде настапија бендови за младите.