Press "Enter" to skip to content

Вело-крос во Велес: Ана Крбалеска, прв настап и прва победа (фото)

Вчера во велес се одржа велосипедска трка во вело -рос со која се отвори сезоната во вело крос за 2020 година, а Велосипедската федерација го најави и календарот за наредната година, за да можат клубовите успешно да се подготвуваат.На овој вело-крос учество зедоа и велосипедистите на битолскиот клуб 15 Мај, кои постигнаа добри резултати, односно освоија три медали.Новиот член на велисипедскиот клуб 15 Мај, Ана Крбалеска, во категорија жени прво место, на првата нејзина трка, Златко Гецовски освои второ место во категорија Мастерс и  Андреј Лесхнаров го освои треторо место во категорија кадети.Во категорија сениори Маријан Тасевски до последните два круга беше во првите тројца но поради дефек на велосипедот мораше да се откажи.-Имавме добра трка во Велес, а постојано се докажуваме во младинските категории. Овој пат имавме и пријатно изненадување во женска конкуренција. Ана Грбалевска иако во клубот е само малку повеќе од еден месец, на првата нејзина официјална трка го освои првото место. Наредната година покрај тоа што според мене ќе бидеме повторно најдобри во младинска категорија, ќе се наметнеме во женска конкуренција, вели Африм Јусуфи, тренер на велосипедскиот клуб 15 Мај.Наредна трка ќе се одржи по две седмици, а ќе се вози во Кичево.

С.Р.