Press "Enter" to skip to content

Прес-конференција на Горан Козаров, директор на ЈКП “Водовод“, за обвинувањата, покачувањето за 5% на платата, за двете години работа

Велат дека повеќе пати повторена лага, почнува да звучи како вистина. Затоа на лагата мора да се одговори со вистина, која секако и секогаш ќе биде поткрепена со аргументи, со овие зборови го започна денешниот пред, директорот на ЈКП “Водовод“ кој покрај според него лажните невистини се осврна и други теми:

-Во името на вистината, после низата на изнесени невистини и лажни обвинувања изминатиот викенд од страна на општинската организација и советничката група на ВМРО ДПМНЕ кон ЈКП ВОДОВОД и раководниот тим  моја  должност е да одговорам на истите и да ја објасниме целата ситуација. На последната седница (15.11.2019 46-та седница) на Совет на општина Битола ми беше поставено истото прашање на кое што дадов и одговор и појаснување, за што има и записник, но очигледно за ДПМНЕ повторно има недоразбирање. Но да одиме по ред. Прво. За моето непочитување на Одлуката на Советот на општина Битола. Во септември менаџментот на ЈКП Водовод поднесе барање до советот на општина Битола дека бара покачување на платите на вработените за 5%. Ова наше барање беше прифатено едногласно од страна на сите советници. На таа иста седница од страна на советниците на ВМРО-ДПМНЕ бев информиран дека против Водовод, од група на вработени, е покрената тужба за не исплатени надоместоци изминатите години и тоа по разни основи. Иако овај менаџерски тим раководи со компанијата 2 години, не сака да навлегува во анализа зошто вакво барање не е покренато порано кога веќе станува збор за побарувања стари повеке од 2 години и како тоа советниците на ДПМНЕ знаеле за оваа тужба пред менаџментот на Водовод? За нас сите се еднакви пред законот како со нивните права така и со нивните обврски. Затоа, после добивањето на оваа информација и ново настанатата ситуација, се побара од Управниот Одбор на Водовод, привремено да се стави во мирување покачувањето на платата, се’ со цел да можеме да видиме на што точно се однесува тужбата, кој е бројот на луѓе опфатен со ова тужбено барање и која е финансиска штета кон ЈКП ВОДОВОД. Овој период направивме пресметки, анализи и споредби кои ги опфатија пресметките на вештото лице ангажирано од страната на тужителите како и наши интерни пресметки, се’ со цел да го знаеме реалното финансиско побарување со кое што ќе се соочи јавното претпријатие доколку вработените се во право и им биде прифатена поднесената тужба.За покачувањето на платата Козаров рече:

-Сега една добра вест за вработените во ЈКП Водовод Битола и за граѓаните на општина Битола. Вработените во ЈКП Водовод Битола ќе го добијат покачувањето на платата, кое ќе биде ефектуирано заклучно со ноемвриската плата, за што имаме и одлука на Управниот одбор пред една недела. Можноста да се обезбеди покачување на платата се должи пред се на работата на новиот менаџерски тим изминативе две години. За разлика од порано кога со ова претпријатите раководеше ДПМНЕ, денес во ЈКП ВОДОВОД се работи транспарентно домаќински и одговорно. Сите вработени, одат на доусовршување, сите вработени учествуваат во носењето на одлуките и решавањето на проблемите. А тоа се гледа и во однос на генерираните заштеди и можноста за инвестирање од сопствени средства. За успесите кои во изминатиот период се направени од страна на раководниот тим во ЈКП “ВОДОВОД“ рече:

-За овие 2 години се инвестирани околу 40 милиони денари и тоа ќе потенцирам сопствени средства во разни проекти

  • набавка на нов возен парк,
  • купување на нов агрегат за филтерната станица,
  • обнова на водоводни мрежи,
  • набавка и имплементација на нови софтверски решенија за мониторинг и подобрување на ефикасноста во работата,
  • обезбедени средства за управна зграда
  • модерни наплатни центри на две локации во градот Битола
  • модернизирање на стопанскиот двор
  • набавка на ХТЗ облека за сите вработени по сите стандради и прописи
  • набавка на филтерска песок и базалт која не беше набавена 12 години
  • набавка на современа баждарница за потребите на водовод
  • набавка на водомери
  • изградба на сопствена перална за миење возила и градежна механизација
  • итн итн

Денес во ЈКП ВОДОВОД БИТОЛА редот, дисциплината, домаќинското работење, професионалноста и услужноста  се одлики со кои се гордее секој вработен, а со тоа се гордеам  јас и раководниот тим.