Press "Enter" to skip to content

Со промоција на новата “Downhill“ патека над Смолево, крај за сезоната (фотогалерија)

Вчера на популарната “mountainbike“ патека на каналот над Смолево се “отвори“ возобновената и надоградена “Downhill“ патека и се затвори една од најуспесните сезони на нашите битолски бајкери од “extreme bike“ тимот од Битола.Возобновената и надоградена “Downhill“ патека е долга 1,3 километри, со многу скокови дропови и виражи кои нудат неприкосновени задоволства.За тоа беше доказ денешниот најмасовен велосипедски собир што се случил некогаш на Смолево.На настанот присуствуваа повеќе од 70 учесници, велосипедисти од Албанија и нашите соседни градови.-Заложбите за овај вид на велосипедизам се и ќе бидат на уште повисоко ниво од наредната сезона каде се планирани многу нови активности и работа на нови патеки, ветуваат од “extreme bike“ тимот од Битола.

Фото: Дејан Кузмановски