Press "Enter" to skip to content

Попладнево последниот натпревар на Еурофарм Работник од СЕХА лигата со ова име (фото)

Попладневи во спортската сала “Боро Чурлевски“ во Битола, со почеток во 17,15 минути ќе се одигра последниот натпревар на домашен терен оваа година Еурофарм Работник, екипата на ППД Загред од Загреб, исто така последен под ова име до завршувањето на процедурата во централен регистар.

Во СЕХА лигата екипата на Еурофарм Работник по четири порази ќе се обиде да стигне до победа за разделба во своите навивачи, и да го “бркаат “четвртото место.На официјалната прес-конференција тренерот Божидар Мојсов за претстојниот денешен натпревар рече:

-Сите знаеме кој ривал ни доаѓа утре. Доаѓа млада и мотивирана екипа, предводена од играчката и тренерска легенда Веселин Вујовиќ. Тој е човек ги мотивира младите ракометари, играат агресивно и многу добро. Сигурен сум дека ќе одиграме изедначен и докрај неизвесен натпревар. Имаме мали повреди, Кукоски ја обнови повредата, уште не сме залечени, но ќе парираме на големиот ривал.

Голманот Градимир Чаневски на денешната средба со новинарите кратко изјави:-Ни следи тежок натпревар, знаеме каков ривал е ППД Загреб. Искусни се од настапи во Лигата на шампионите и СЕХА лигата. Наше е да направиме публиката да ужива и да ја испратиме годината со позитивен резултат. Се надевам дека ќе добиеме адекватна поддршка за да ја оствариме целта.

Инаку, Еурофарм Работник во СЕХА лигата ги совладаа Спартак Москва, Металопластика и Веспрем, а за четврта победа ги повикуваа сите симпатизери, да дојдат да ги бодрат, бидејќи овие момци заслужуваат поддршка.