Press "Enter" to skip to content

Со дефиле по Широк Сокак одбележан 3. Декември, денот на лицата со попреченост (фотогалерија)

Традиционално, како и секоја година на 3. декември Лајонс клубот “Кабадаја“ го одбележа Меѓународниот ден на лицата со инвалидитет со низа активности.Голем број на деца од основните и средните училишта од Битола како и децата штитеници на Заводот за рехабилитација на деца со оштетен слух и говор „Кочо Рацин“ Битола најпрво имаа свое Дефиле низ Широк Сокак, а со нив беше и заменик градоначалничката на Битола, Емилија Костурски.Потоа сите учесници, кои дојдоа од двете страни на Широк Сокак, застанаа на крстосницата пред хотелот “Епинал“ каде симболчно беа пуштени во воздук од страна на учесниците на дефилето стотици балони кон небото.-Ова дефиле по Широк Сокак, сакавме да биде, како и секоја година своевиден апел дека лицата со инвалидитет треба да се прифатат како рамноправни членови на заедницата. Во дефилето имеше ученици од сите основни и средни училишта, заедно со децата од Заводот за деца со оштетен слух и говор “Кочо Рацин“ од Битола. Сите деца се соединија на крстоснивцата пред “Епинал“ од каде беа пуштени во воздух разноболни балони, како симбол на нашето мото, обоиме ме во пријател. Потоа се одржа пригодна програма во која учествуваа ученици од ОУ “Климент Охридски“, центарот “Анастасија“, деца корисници на двевен престој, а се беше под раководство ма волонтерката Алена Крус, рече Мими Талевска, претседател на лајонс клуб “Кабадаја“, кои секогаш ги поддржуваат ваквите активности, секогаш кога е потребно, но секогаш со цел да се подигне свеста на сите.Дел од организацијата беше Андријана Шоколаровска, дефектолог и специјален едукатор во ОУ “Св. Климент Охридски“, која додаде:-Ова е 11 година откако го организираме овој настан, дефиле по Широк Сокак, а потоа и прилагодлива програма во Центарот за култура. Целта е децата со типичен и со атипичен развој да не ги делиме, а последните години е подигната свеста кај сите во нашиот град. Денес не е чудно да постави пристапна рампа во училиште и не е чудно да се помогне за разлика од изминатите години. Се надевам дека овој позитивен пристап ќе продолжи и општеството ќе го прилагодиме, односно овие деца да не се прилагодуваат, туку обратно општеството да се прилагодува за нив, а тоа да се пренесе во училиштата, да бидат по мерка на децата, а не деца по мерка на училиштата.-По дефилето и пуштањето на балоните во Центарот за култура за учесниците имаше организирана и добра забава, а Лајонс клубот “Кабадаја“ им се заблагодарува на сите пријатели со големо срце кои го овозможија овој настан, на МВР Битола за безбедноста, на НУ Центар за култура-Битола, МИГ Травел, како и на сите наставници и ученици од основните и средни училишта кои со добра волја се вклучија во овој настан, додаде Мими Талевска.

С. Ристевски