Press "Enter" to skip to content

Шаховски турнир “Державин 2019“ го освои Антон Залатков (фотогалерија)

Антон Златков е победник на младинскиот шаховски турнир “Державин 2019“ што викендов во Славјанскиот универзитет, кој беше најдобар во категоријата У-12, а златна плакета доби и Наде Смилевска.Златков беше бодовно изедначен со Андреј Велјановски, кој победи во У-16, но беше подобар по „тај-брејк“ криетериумите, а двајцата освоија 6 бода од 7 партии. За 12-годишниот Златков ова е втор освоен турнир во отворена конкуренција. Во категорија У-8 победник е Даниел Стефановски, второ место за Никола Петровски, а третопласирана е Наде Смилевска.Во категорија У-10 победник е Кирил Николовски, второ место за Андреј Калин, а на третопалсиран беше Андреј Иванов.

Во категорија У-12 победник е Андреј Златков, второпласиран Никола Павковски, а на трето место е Јована Давиткова.Во категорија У-14 победник е Стојан Велковски, второпласиран е Леонид Петревски, а на трето место е Теодор Јовановски.

Во категорија У-16 победник е Андреј Вељановски, второпласиран е Марјан Христовски, а на трето место Александар Јовановски.Во категорија У-18 победник е Дарко Милев, а на второ место е Дамјан Груевски.

С.Р.