Одбележувањето на патрониот празник на НУУБ “Св. Климент Охридски“ – Битола започна со поставување на изложба на тема “Нашите 365 денови…“ во рамките на која ќе бидат претставени плакати од сите културни активности и настани кои ја обележаа тековната година, како и статии од периодичните публикации во кои се опишани тие активности.
Изложбата ја подготвија вработените од Одделението за комплетирање и обработка на библиотечен материјал (периодични публикации). Богатата и разновидна дејност на Библиотеката пред битолската јавност и читателите ќе биде поставена во холот на Библиотеката од 3 до 10 декември 2019 година за достојно да ја претстави нејзината активна улога во збогатувањето на културниот живот на нашиот град.

Библиотеката со изложба “Нашите 365 денови…“ го започна празнувањето на патронот (фото)
More from КултураMore posts in Култура »
- Отворена изложба на слики, графики, портрети на Јован Димовски во галерија “Ранко Струмениковски“ во Битола (фотогалерија)
- “Прстен за неа“ – музичко патување со Сефедин Бајрамов, НУ камерниот оркестар заедно со Ана и Виктор (фотогалерија + видеа)
- Вечер концерт на Сефедин Бајрамов – “Прстен за неа“
- “Пинокио“ најнова премиера, детска претстава на Битолски театар
- Човекот што му даде македонски јазик на Шекспир: вечер посветена на Драги Михајловски





