Press "Enter" to skip to content

Победа на ракометарите на Пелистер над Металург 2 (фотогалерија)

Пелистер – Металург 2 29:27 (12:12)

Екипата на Пелистер во Битола, во спортката сала “Боро Чурлевски“ ја побеија екипата на  Металург 2 во  13. коло од Супер лигата со два гола разлика, 29:27, полувреме 12:12.Почетокот на натпреварот, помина во израмнета игра, а во таа насока се движеше и целото полувреме, па затоа “ремито“ до одморот (12:12) е најреален резултат, бидејќи двете кипи играа “гол за гол“.Второто полувреме го одреди победникот, иако стартот повторно беше изедначен, се ди 18:18 кога започна победничката серија на “пелистерци“. Следуваа десетина минути кога гостите немаа запишано гол, а Пелистер постигна серија од шест гола за 24:18 на дестина минути до крајот. Потоа се до крајот беше лесна завршница за “пелистерци до нова победа 29:27.Повторно најефикасни во тимот на Пелистер беа Димитровски и Талевски со постигнати пет гола.

С.Р.