Есента е годишно време кока сите бои се застапени во природата, а според некои уметници е најколоритниот период, во кој природата е обоена од златно жолта боја до румено црвена.
Кога на боите на природата ќе им се додадат и шумските плодови, капинки, печурки, шипки… кои исто така имаат посебен колорит, впечатокот е комплетен.
Есенските фотографии се направени околу Битола, на повеќе локации, над Баирот, над Кркардаш, кај Германски гробишта, по Каналот, Смолево, Снегово… места кои битолчани го користиме за рекреација, а преку нив ги гледаме есенските бои плодови, кои снегот и позначајниот студ ги скрија од очите на битолчани…
Фото: Драган Ристевски






