Веќе три години, Библиотеката го реализира проектот “Млади поетски перформанси“ за млади автори од Пелагонискиот регион, со цел поттикнување и мотивирање младите литературни творци да пишуваат, да го промовираат и афирмираат своето креативно творештво, за прв пат да се објават во збирка поезија.
Во збирката се опфатени над 40 творби кои учестуваа самостојно или со ментори – наставници.
Оn line публикацијата, заеднички проект на НУУБ „Св. Климент Охридски“ – Битола и издавачката куќа “Едука Мак“ на авторката м-р Ели Маказлиева беше примовирана во Библиотеката во рамките на пдбележувањето на патронот. На присутните им се обратија м-р Бојан Стефановски директор на НУУБ „Св.Климент Охридски“ – Битола и авторката Ели Маказлиева, по што следеше драмизација на децата од градинката “Снегулка“ – Битола.
-Сликовницата содржи разновидни забавни факти за родендените, прекрасни илустрации што се верен придружник на секој расказ. Во неа ќе слушнеме за планирањето на родендените на дванаесет другарчиња, што се вклучени во организацијата и во реализацијата на своите родендени. На тој начин ќе научат и сами да планираат и ќе се вклучат во организирањето на сопствените прослави и прекрасни интересни забави, стекнувајќи самодоверба, рече м-р Фатма Бајрам Аземовска, која е координатор на двата проекти.

Промовирани зборката на млади автори и “оn line“ публикација (фото)
More from КултураMore posts in Култура »
- Отворена изложба на слики, графики, портрети на Јован Димовски во галерија “Ранко Струмениковски“ во Битола (фотогалерија)
- “Прстен за неа“ – музичко патување со Сефедин Бајрамов, НУ камерниот оркестар заедно со Ана и Виктор (фотогалерија + видеа)
- Вечер концерт на Сефедин Бајрамов – “Прстен за неа“
- “Пинокио“ најнова премиера, детска претстава на Битолски театар
- Човекот што му даде македонски јазик на Шекспир: вечер посветена на Драги Михајловски





