Press "Enter" to skip to content

75. роденден на КУД “Стив Наумов“ одбележан со концерт (фотогалерија)

Мешаниот хор кој работи во состав на КУД “Стив Наумов“ вчера во Големата сала на Центарот за култура, под диригентство на маестро Љубо Трифуновски, одржа концерт посветен на 75 годишнината од формирањето на Друштвото.КУД “Стив Наумов“ е формирано пред 75 години, на 6. ноември 1944 година, кога кај месноста Црн Мост одржаа концерт во знак на сеќавање на политичките затвореници кои го загубија животот во затворот.Членовите на мешаниот хор под диригентство на Љубомир Трифуновски изведоа дела од домашни и светски познати композитори, за што тој рече:-Програмата по повод нашиот голем јубилеј, 75 години од формирањето, започне со хорски композиции посветени на нашиот патрон, народниот херој, Стив Наумов. Потоа нашата верна публика, која дојде и овој наш јубилее концерт слушаше изведби на  духовна музика, композиции компонирани и инспирирани од фолклорни мотиви. Секако дека изведовме и песни од странски автори, а завршивме со легендарната, химната на градот “Битола мој роден крај“.КУД “Стив Наумов“ е најстарото друштво во градот и во Македонија, кое е посветено на хорското пеење, а прв диригент на хорот “Стив Наумов“ бил познатиот македонски композитор и диригент, Тодор Скаловски, кој со група пејачи, тогашни партизани кои членувале во битолската бригада, го извеле и првиот настап.Добитници се на многуборјни награди и признанија, меѓу кои и она за животно дело на диригентот на младинскиот женски и мешаниот хор, Љубомир Трифуновски, а имаат добиено голем број на награди на многу натпревари по хорско пеење не само во државата туку и во странство.

С.Р.