Press "Enter" to skip to content

Македонско-Словенечки појадок во гимназијата “Јосип Броз-Тито“ (фотогалерија)

Здравата исхрана кај учениците беше главната тема на денешниот Македонско Словенечки појадок што се одржа во гимназијата “Јосип Броз-Тито“ во Битола, а главни соорганизатори на овој настан за подигање на свеста за здравата исхрана кај младите, беше Амбасадата на Република Словенија во Скопје, представена од Амбасадорот проф. д-р Милан Јазбец и битолскиот реномиран производител на здрава храна “Бага-фуд“.Присутните во холот на гимназијата беа поздравени од директорката на училиштето Фани Наумовска, амбасадорот Милан Јазбец, менаџерката на “Бага-фуд“, како и градоначалничката на Општина Битола, Наташа Петровска.Во рамките на овој несекојдневен настан кој побуди голем интерес кај учениците беа организирани повеќе содржини како, тематска изложба за здрава храна, квиз натпревар на истата тема, и соодветнат македонско-словенечка музичка програма во која настапија, хорот на Словенечкото здружение “Триглав“ од Битола како и ученици од Гимназијата.Посебно внимание на настанот предизвика дебата под наслов “Важноста на здравата храна, важноста на појадокот и користење на домашни локални производи“ на која како говорници беа познати нутриционисти од нашиот град, проф.д-р Борис Ангелков, нутриционист-консултатнт Влатко Танески и м-р нутриционист, Александра Цветковска. Посебен впечаток кај присутните оставија богато уредените штандови со разновидна еколошка храна од нашето поднебје , организирано на највисоко ниво од страна на вработените на Бага-Фуд од Битола, предводени од менаџерката Марија Секуловска.

More from БитолаMore posts in Битола »