Press "Enter" to skip to content

Ординацијата “Д-р Чипуровски“: воспаление  на жолчното ќесе или акутен холециститис

Низ  разговори  со д-р Васил Чипуровски претставувајќи ја специјалистичката интернистичка ординација “Д-р Чипуровски“, информиранме за кои прегледи и испитувања може да ги направите со најсовремени  апарати од медицината. Со овие информации добиваме и стручни совети  за интернистички заболувања, нивно откривање и понатамошно третирање.  За кои  постои голема заинтересираност.  

Што е акутен холециститис ?

-Акутен холециститис или воспаление  на жолчното ќесе е најчесто предизвикан од калкули кои го  обструираат жолчниот канал или тоа можа да е предизвикано од тумори.

Како се манифестира акутен холециститис или воспаление на жолчното ќесе?

-Клинички акутниот холециститис се манифестира со силна болка под  десен ребрен лак, гадење, повраќање на жолта содржина, зголемена телесна температура.Како се дијагностицира?

-Ова заболување може да се дијагностицира, во нашата ординација, со помош на современо ЕХО на абдомен при што постои задебелување на ѕидот на жолчното ќесе над 4 милиметри, кој е хиперехоген и е со двојнолушпест изглед. Лабораториските наоди покажуваат покачување на CRP  и  WBC.

Како се третира?

-После поставување на дијагнозата на воспаление  на жолчното ќесе или акутен холециститис третманот е ургентен најпрво конзервативен со антибиотска терапија,  спазмолитици за намалување на болкта, блокатори на водородна пумпа и.т.н. При перзистирање и рецидиви потребна е и холецистероктомија.

Сите испитувања и понатамошен тек на третирање може да ги направите во нашата ординација. ПЗУ “Д-р Чипуровски“се наоѓа на улица “Игњат Атанасовски“ б.б. во комплексот “Веро“ во Нова Битола.

Ж.Р.

More from СоветиMore posts in Совети »