Press "Enter" to skip to content

Билтен на МВР: нападнати четворица во угостителски објект, “фолксваген шаран“ излетал од патот

На 08.12.2019 во 06.30 часот во СВР Битола, П.Ц. (30) од с. Дедебалци, општина Могила, пријавил дека во угостителски објект во Битола тој и четири негови колеги од работа биле физички нападнати од повеќе лица. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 08.12.2019 во 00.21 часот на стариот пат Прилеп – Битола жител на Мусинци, управувајќи патничко возило „фолксваген шаран“, со дебарски регистарски ознаки, изгубил контрола и излетал од коловозот. Во незгодата со тешки телесни повреди се возачот на “шаранот“ и  бил пренесен во Клиничката болница Битола за укажување лекарска помош.