Струмица Жени – Пелистер Волеј 3:0 (25:20, 25:16, 25:05)
Во 9.коло од женската Прва државна лига на Македонија екипата на Пелистер Волеј е поразена од Струмица Жени на гостувањето во истоимениот град, со 3:0 по сетови. Резултатот не е оној кој требаше да биде на крајот, доколку судиите по кој знае по кој пат вака, делејќи судиска неправда на битолските одбојкарки.
Тренерот на Пелистер Волеј, Роберт Митковски, за овој натпревар вели:
-Пораз од 3:0 во кој добро игравме се до средината на вториот сет, а потоа како да немаме сили да го финишираме натпреварот во наша корист, што се случува неколкупати оваа сезона. Но, со оглед на неисуството и еуфоријата која ги зафаќа нашите одбојкарки, кои се најмали во лигата, тоа може да го разбереме. Но, од друга страна пак не можеме да разбереме зошто, за жал, по којзнае кој пат главни актери беа судиите кои беа под секое ниво, уште веднаш од сам старт, од првиот сет во кој сметаме дека ни беа одземени најмалку 5 поени.
-Страшно, ние бевме целосно извадени од колосек, еден прекрасно започнат натпревар да се претвори во циркуз каде високото его на овие луѓе е во прв план, само и само на штета на одбојката.Очигледно тука можи да се бара се, само не правда, видно изнервиран додава Митковски.
Поените ги освоија: Ева Трпеновска 7, Ана Пејовска 4, Изабела Димовска 4, Тамара Жабјановска 4, Стефани Најдановска 3 и Ивана Белокозовска 1.






