Press "Enter" to skip to content

Совети од психолог: предпразнична еуфорија наспроти “депресија“

Празници се ближат и пред нас се накитено, осветлено, излози, реламни билборди и новогодишни, или божични мелодии… Време на оптимизам прослави, “предновогодишна еуфорија“. Или барем така би требало да биде. Периодот  пред и по Новогодишните празници го карактеризира и зголемено ниво на стрес, и зголемено чувство  на незадоволство, тага.

За жал покрај оваа претпразнична еуфорија кога детето во нас се потсетува на детсвото верува во новогодишна бајка, сака да биде среќно  Но, секогаш постои и се јавува некое незадоволство, нарвозапа дури и депресивност, тага.

Имено, периодот  пред и после Новогодишните празници го карактеризира и зголемено ниво на стрес, и зголемено чувство  на незадоволство, тага. Овој период на година е време кога се прават биланси што сме направиле во текот на годината и дали сме го оствариле се она што сме сакале. Понекогаш што не можаме да си дозволиме многу нешта кои би сакале да им ги дадеме на себеси и на нашите деца. Бидејќи време е на давање дарување, славење и одење на некое патување. Понекогаш и немаме со кои да го споделиме среќа радост… Нагласувње на празниците покрај шопингхоличарска  атмосфера, тука се и заедништво со семејството, блиските. Опкружени сме со сликите,  реклами на билборди кои  упатуваат  на тоа дека би требало да сте вљубени, имате среќно семејство, богата трпеза… Ако се чувствувате незадоволни пред празнично помогнете си себеси, најдете начин и сетете се дека сте живи и здрави и имате надеж за понатаму. Еве и неколку препораки:

ЦЕЛИ

Не си поставувајте цели за кои не сте сигурни дека ќе ги остварите. Не задавајте си нешто заради тоа што “МОРАТЕ“ така да нема да бидете разочарани, ако не успеете. Наместо сите празнични задачи (тоа што треба да направите, купите…) распоредете ги, не ги ставајте во ист ден.

ПРИФАТЕТЕ ПРОМЕНИ

Некои од промените кои ги носи животот не се едноставни или не ги сакаме, но за да продолжиме понатаму, треба да прифатиме. Ако за некои случувања немаме влијание нити можеме да ги промениме важно е да ги прифатиме за да не се противиме за истите.БИДЕТЕ ТАЖНИ

Ако за време на празниците ве врзуваат тажни или лоши сеќавања, допуштете си себеси да бидете тажни и ослободете ја тагата и солзите, тоа можа да ви олесни. Никој не е секогаш среќен, али и не дозволувајте да се изолирате од светот. Минатото или убава или лоша е зад нас. Вратете се во секашноста и потрудете се да размислувате позитивно Минатото препуштете го на времето.

 СВЕТЛА ИДНИНА

Свртете се кон иднината. Негативните чувства оставете ги во минатото. Не им дозволувајте им на праниците кои ви биле незгодни да ви диктираат ба доживување на овогодишните. Никогаш не заборавајте вие ја КРЕИРАТЕ својата реалност и живот.

КАЖЕТЕ „НЕ“

Научете да кажувате „НЕ“. Секој има граница, ако сметате дека нешто не можете  да направите застанете на време.

-Гледајте што повеќе да бидете реални и дека можеби и некоја расправија ќе расчисти некој однос.

-Кажете отворено што ви пречи  со отворени емоции и чувства.

-Договорете се да зборувате отворено (без превтување на очи и префрлање)

-Ако критикувате или враќавте со иста мера –  сега  смирите се  и вратете со љубов и простување. Можеби и не лесно тоа да се направи но треба да се обидете со таков пристап понатаму во Новата година.РАЗГОВОРОТ ЛЕЧИ

Контраст на се околу нас и доколку другите се среќни и весели и  треба да бидеме весели кај нас може да се јави чувство на тага како спротивно на веселост. Мже да се чувстуваме и уште потажно и депресивно од друг период од годината. Иако сите се радуваме на овој период, многу забави, слави, дарување, излегувања  многу пати сме и несреќни и можат да се јават чувства на незадоволство и црни мисли. Ако не можете да ги одбегнете тогаш разговарајте за тоа. Со пријател, член на семејство близок, психолог. Разговор добро ќе ви дојде.  

ЖИВОТОТ ГО ПРАВАТ СИТНИТЕ НЕШТА

Колку пари ќе потрошите воопшто не е важно!. Верувајте дека не иом важно и на оние кои ве сакаат искрено, и кои ве се вистински пријатели. Ситниците за значајни, тие можат да ве направат среќни ако се од душа и срце.Зборовите „ТЕ САКАМ; МИ ЗНАЧИШ, или МИСЛАМ НА ТЕБЕ“ кажете им ги на оние кои се совас.Трудете се да мислите позитивно така ќе ви биде и животот. За време на божикните празници треба скромноста да биде на прво место, да не си поставуваме превисоки очекувања од себе и од другите за време и после  празниците, за да не се разочаруваме потоа, бидете опкружени со луѓе кои ви се пријатни и позитивни.

Во врска со шопинхолочарската атмосфера и еуфорија која владее во тие денови. Треба добро да  размислите со колкав буџет располагате и да не купувате и трошите одповеќе,  за  потоа да бидете незадоволни дека немате доволно за да купувате и да се чувствувате и посиромашни одколку што сте. А после и да запднете во економска криза како ќе поминете до крајот на месецот и тоа доплнително да влијае врз вашето расположание.

More from СоветиMore posts in Совети »