-Како дел од овој проект е предвидено енергетска реконструкција на спортската сала “Боро Чурлевски“ и набавка на филтер во котларата која што е во рамките на салата.
Денешниот технички состанок беше организиран во рамките на проектот “Бенефит“, “Подобрување на енергетската ефикасност на објекти, демонстрација за јавни објекти“ (Building ENergy EFficiency ImprovemenT: Demonstration for public buildings) од првиот повик од Програмата за прекугранична соработка со Грција 2014-2020 (Interreg IPA Programme Greece-Former Yugoslav Republic of Macedonia 2014-2020) со вкупно планиран буџет од 1.159.475,00 евра од кои 392.072,00 евра се планирани за Општина Битола.
Покрај Општина Битола останати партнери во проектот се:
– Министерство за внатрешни работи и административна реконструкција (Ministry of Interior and Administrative Reconstruction – former Ministry of Macedonia and Thrace – YPESDA) oд Република Грција
– Јавното претпријатие за урбанистичко планирање, проектирање и инженеринг – Битола
– Центар за обновливи енергетски извори и заштеди (Centre for Renewable Energy Sources and Saving – CRES) oд Република Грција и
– Кластер за Биоенергија и Животна средина (Cluster of Bioenergy and Environment of Western Macedonia-CluBE) oд Република Грција.
Главната цел на проектот BENEFIT е да се зајакнат капацитетите на јавните власти во прекуграничната област на Грција и Македонија кон планирање на енергетска ефикасност (ЕЕ) за надградба на енергетските перформанси на јавните згради, како и да се зголеми енергетската свест за поширокото општество за придобивките од енергетската ефикасност.
Главните активности кои што ќе се одвиваат додека трае имплементацијата на проектот се:
-развивање и тестирање на интегрирана платформа за поддршка на одлуките на јавните органи за да го олеснат планирањето, финансирањето, спроведувањето и следењето на плановите и проектите за енергетска ефикасност на јавните згради;
-пилот имплементација на јавен објект, со овој проект е предвидено енергетска реконструкција на спортската сала “Боро Чурлевски“ и набавка на филтер во котларата која што е во склоп на спортската сала “Боро Чурлевски“ и
-четири финансиски поддржливи проекти за енергетска ефикасност на четири јавни објекти во Општина Битола.






