Press "Enter" to skip to content

Концерт “Италијанскиот јазик на сцена“ на младите оперски пејачи (фотогалерија)

Синоќа во Заводот и музеј во Битола се одржа концерт на класична музика, на кој италијански арии, од познати автори исполнија младите оперски пејачи. Концертот беше во организација на Камерната опера на Битола, заедно со здружението на професори по италијански јазик, хорот “Ѕвончиња“ и школата за соло пеење “Коруновска“.-Ова беше одличен концерт на нашата иднина, односно младите оперски пејачи, кои учат или завршиле соло пеење во државното музичко училиште во Битола, кои синоќа настапија пред битолчани. Љубителите на класичната музика во Битола покажаа толку голем интерес што влезниците беа распродадени на три дена пред концерот. Настапија средношколци, студенти, професионалци, аматери и секако детски хор “Ѕвончиња“ кои изведоа арии на италијански јазик, ни рече видно задоволна, професорката по соло пеење, Марика Коруновка, која беше дел од организацијата на овој концерт, која нагласи и дека културно и цивилизирано општество се гради преку висока уметност.На концертот настапија: Ангела Трајчевска, Мартин Димитриевски, Ивона Огненовска, Наум Наумовски, Мартина Аврамовска, Мартин Треневски, Христина Трајковска, Михаела Пеевска, Елена Башевска, Јулијана Деспотовска, Христијан Трајчевски, како и:Емили Христоска, Христијан Тоневски, Сара Петровска, Елеонора Џоџовска, Јован Котевска, Дамјана Апостоловска, Александар Гацовски и детскиот хор “Ѕвончиња“.И професорката Маја Митровска, како и нејзината колешка, Коруновска, имаше само пофалби за младите оперски пејачи и додаде:-Сакам само да споменам, дека покрај одличните изведби на сите кои настапија, и како видовте и самите уживаа во настапите, уживање и публиката. Ретко кога на ваков настап има полна сала, со љубители на оваа музика, а солистите и хорот, два пати ги враќаа на “бис“. На крај публиката пееше заедно со солистите и хорот, што за нас организаторите ни дава мотив повеќе да им помагаме на младите пејачи да настапуваат пред битолчани.

С.Р.