Press "Enter" to skip to content

Фото вест: Битола со полнач за електрични возила, на паркингот кај спортската

Сопствениците на десетината, а можеби и повеќе автомобили на струја во нашиот град,  сега покрај тоа што ќе користат паркинг кај спортската сала, истовремено ќе можат и да полнат акумулаторите на автомобилите, на станицата на која е поставен полначот.

На паркингот кај спортската сала, на станицата истовремено ќе можат да се “полнат“ две возила, а системот за полнење е веќе во функција.Полначот е дел од проектот на  “ЕВН Македонија“ со наслов “Електомобилност со ЕВН“ чија што крајна цел е поширока адаптација на електромобилноста во Македонија, а досега има поставено четириесетте полначи на територијата на целата држава.

За поставување на оваа станица одлука донесе и Советот на општина Битола.