Press "Enter" to skip to content

Фото вест: “Стрежевци“ чистеа на брана, полицијата во дворот

Вработените во јавното претпријатие Стрежево – Битола, масовно се приклучија на акцијата организирана од страна на Владата кон граѓанската иницијатива “Не биди ѓубре“, под мотото “Администрацијата чисти со Не биди ѓубре“.Денес се спроведе организирана акција за чистење на браната Стрежево со придружните објекти со посебен акцент за разубавување на просторот околу кула зафат, рече директорот на “Стрежево“, Менде Граматковски, и додаде:Се собираа несоодветно расфрлените отпадоци во околината (комунален отпад: пластика, хартија и картон), со што беше постигнат значаен ефект кон расчистување на овој дел од отпадоци, но сепак пред се човечкиот фактор е пресуден за надминување на овој глобален проблем поради што како општествено одговорна институција апелираме одговорно и совесно да се ослободуваме од отпадот на места кои се предвидени за оваа намена. Денес и за полицијата беше работен ден, а тие го исчистија дворот околу зградата на СВР Битола.Портпаролот на битолската полиција, Сања Стаматова, информира дека сите вработени се вклучени во акцијата за чистење.

More from ВестиMore posts in Вести »