Press "Enter" to skip to content

Деновиве пред 10 години: литија во чест на Св. Нектариј Битолски, заштитник на Битола

-Пред 11 години Битола го доби својот заштитник, Преподобен, Свети Некта Битолски, кој започна да се слави од 2008 година, кој се празнува секога година на 18 декември, ден пред празникот посветен на Св. Никола, започна со своите сеќавања, Димче Миновски, доајенот на битолското новинарство, за една традиција од поново време.Идејата беше на Владиката Петар, колку се сеќавам, а таа беше прифатена од тогашниот градоначалник, Владимир Талески и локалната самоуправа, па така започнаа празнувањата за светецот Некрарој, вели Миновски, иако тогаш имало и предлог заштитник Битола, како и на Солун, да биде Св. Димитрија, кој има и “своја“ црква во Битола.Празнувањата започнуваа со утринска богослужба во црквата “Св. Димитрија“, а потоа продолжуваат со свечена литија, низ Широк Сокак.Претходно се организира и предавање за Св. Нектариј од страна на Владиката Петар, а во 2009 година тоа се случи на плоштадот “Гоце Делчев“, а се послужи и посно гравче.Инаку, за помладите битолчани да кажеме дека Преподобен Свети Нектариј Битолски, родум од Битола, се подвизувал најпрво во манастирот “Св. Врачи“ заедно со својот замонашен татко Пахомиј. Потоа преминал на Кареја, Света Гора, каде што го продолжил подвигот под раководство на Старците Филотеј и Дионисиј во келијата на Св. Архангели. Починал на 5 декември 1500 година, која дата се зема за славење на неговиот празник по стариот црковен календар. Неговите чудотворни мошти цели, нетлени и благоухани, сè уште почиваат во истата келија, во Кареја.