На 15.12.2019 во 02.40 часот на крстосницата од ул. “Никола Тесла“ и булевар “1-ви Мај“ во Битола, полициски службеници го лишиле од слобода 40 годишен битолчанец, поради тоа што физички нападнал полициски службеник, кој извршувал службени дејствија, а приведеното лице било сопатник во патничко возило “киа“ со битолски регистарски ознаки, кое го управувало друго лице под дејство на алкохол и кое било нерегистрирано, а кое претходно било запрено од полицискиот службеник. Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.
Полициски службеници од Секторот за внатрешни работи Битола за време на викендот 13/14/15-12.2019 извршиле контрола за алкохол, брзина, управување без возачка дозвола, нерегистрирани возила, непочитување првенство. Притоа, констатирано е дека 14 возила биле нерегистрирани, 15 возачи управувале возило без возачка дозвола, 16 возачи биле под дејство на алкохол и тие биле исклучени од сообраќај, четири возачи зборувале на мобилен телефон, а девет возачи не користеле сигурносен појас. За сите неправилности издадени се соодветни налози.






