Press "Enter" to skip to content

На Славјански промовирана книгата “За музиката“ од академик Георги Здравев (фотогалерија)

Вчера, 20 декември на Меѓународниот славјански универзитет „Г. Р. Державин“ во Битола пред многубројна публика беше промовирана најновата книга „За музиката“ од академик Георги Здравев.Во исклучително позитивна атмосфера на оваа промоцијата се обратија проф.д-р Јордан Ѓорчев, основач на Универзитетот.Професорките Марина Коруновска и Маја Митровска, кои се воедно следбеници на “Камерна опера“, а промотор беше Владо Ѓорески.Промоторот ја воодушеви публиката со својот инспиративен и несекојдневен говор кој се задржа на големината и вредноста на делото, на скромниот и амбициозен автор со исклучително знаење и посветеност, како и за музиката како универзална и божествена вредност.Тој искажа пофалби за Универзитетот што ја препозна вредноста и ја издаде оваа книга.Професор Маја Митровска зборуваше за делото „За музиката“ кое е сублимат на музичките правци и нивните карактеристики и е труд кој треба да се поседува како стручна музичка литература за сите музичари, но и сите љубители на музиката.Таа направи рестроспектива на сите негови проекти, од првата опера, првиот оркестар, концертите, учебниците, наградите.Академик Георги Здравев на крајот се заблагодари на Универзитетот кој го издаде ова негово најново дело, како и на своите најблиски соработници- следбеници и им посака успешна иднина и кариера.Во музичкиот дел на промоцијата, публиката уживаше во прекрасните изведби на младите солисти Елеонора Џоџоска, Михаела Пееска, Елена Башеска, Јована Котевска и Ангела Трајчевска и ученици од школата “Korunovska music & singing“: Мартин Димитриевски, Александар Гацоски во пијано придружба на проф. м-р Александра Јанковска и Томе Спасовски.

С.Р.