Press "Enter" to skip to content

Традиционален годишен концерт на КУД “Илинден“ насловен “Македонски Вез“ (фотогалерија)

-Денес кога КУД “Илинден“ ја слави традицијата, односно 64 години постоење,  над 300 фолклористи се појавија на сцената на двата вечерашни концерти, на детскиот и главниот ансамбл.

Вечерва во големата сала на Центарот за култура во Битола, која беше исполнета до последното место се одржа традиционалниот годишен концерт, кој се одржува пред Нова година, на главниот ансамбл на КУД “Илинден“. На програмата се најдоа: “Чифте Чамче“ – машко оро, “Женско чамче“ – женско оро, “Моме стои во ливада“ – песна, “Ѓурѓовден“ – кореогфрафска поставка, “Мома оди за вода“ – песна, “Битолско“ – кореогфрафска поставка, “Моштенски собор“ – кореогфрафска поставка, “Малешевка“  – кореогфрафска поставка, “Повардарие“ – кореогфрафска поставка, “Оро“ – оркестарска изведба, “Пиринско цвеќе“  – кореогфрафска поставка.Сите сплетови на ора беа музички следени од оркестарот на Друштвото предводен од Славе Наумовски – Чапче.Тимот кој го реализира концертот е под раководство на уметнички раководител Александар Стефановски и корепетиторите Никола Ангелковски, Никола Пецаковски, Вера Соклевска и младите членови на тимот Филип Стефановски, Давид Балтовски, Александар Георгиевски и Милена Марковска.На крајот од концертот пред публиката зеде збор и претседателот на КУД “Илинден“ – Антонио Димитровски, кој рече дека изминатата година била успешна на сите пилиња, но тоа ќе го потврдат и во идната 2020 година. Димитровски нагласи дека КУД “Илинден“ идната година ќе гостува во Москва, Русија, на најголемиот фолклорен настан, Светската Фоклоријада во организација на ЦИОФФ Интернационал.Инаку, ансамблот “Илинден“ е најстар фолклорен ансамбл во Битола и еден од најстарите во државата, основан 1955 та година, во кој членуваат помеѓу 350 и 500 членови, што го прави едно од најбројните здруженија на граѓани на ниво на целата држава. Учествувал на над 60 меѓународни фолклорни фестивали низ целиот Свет, од САД до Арапскиот полуостров и низ цела Европа, а идната година по 50 пат ќе го отвори Републичкиот фестивал на народни песни и игри Илинденски денови Битола.

С.Р.