Press "Enter" to skip to content

Совети од психолог: Плачењето е “ОК“, во ред, децата ги изразуваат своите чувства

-Престани да плачеш! Само застани! Има ли нешто причина за плачење! Немој да плачеш за глупости! Срамота е, сите гледаат во тебе! Како родител се справуваш со МНОГУ емоции и чувства дневно, во ред, понекогаш тоа ти е прекиу глава… И кажуваме, велиме или помислуваме, престани веднаш!

Сето ова го кажуваме, но дали како родители сме помислиле дека ги пропуштаме чувствата на детето или како тоа се чувствува. И правиме  да е потешко… На децата им е потребна емпатија и разбирање. Ако тоа не го добијат, тие  повторно се обидуваат  да го добијат, можеби со плачење.

Плачењето е “ОК“ (во ред)

Потребно е децата да ги изразат своите чувства, со тоа што ги тераме  да престанат, ние всушност им праќаме порака дека чувствата не се важни или се смешни, неважни. Понекогаш знаеме дека тешко е да се каже нешто, но обично  чувствуваме потреба  да кажеме нешто или ДА НАПРАВИМЕ нешто.

Ако во вашето детсвото како дете родителите  ве “присилувале“, одрастувавте  во семјество  каде бевте  дете кое не смее да  изразува  тага, жал, бес, лутина – негативни емоции. Или  не било дозволено да се прикажуваат емоциите, сте учеле едноставо да ги ставате “туркате“настрана. Или  да ги прикривате чувствата кон другите луѓе. Тогаш сигурно овие ситуации ви се  уште потешки. Но потребно е да го подржувате детето низ неговите емоции. Еве некои препораки и сугестии што да кажете:

-Во ред е да си тажен,

-Ова навистина е тешко за тебе,

-Јас сум тука со тебе,

-Те слушам,

-Дали тоа беше страшно/ вознемирувачко, тажно, разорарувачко,

-Ќе ти помогнам да се справиш со тоа,

-Те разбирам,

-Слушам дека ти треба време, простор… сакам да бидам тука за тебе ќе бидам близу и можаш да ме најдеш и кажеш кога сакаш и кога ќе бидеш подготвен,

-Не е фер,

-Но исто така МОЖЕТЕ едноставно ДА НЕ КАЖЕТЕ НИШТО. Понекогаш не се потребни зборови потребно е невербално да го подржувате, или доволно е вашето присуство.Што НЕ БИ ТРЕБАЛО да правите  кога детето плаче

Не одвлекувајте го вниманието. Кога го одвлекувате вниманието од неговите чувства пропуштате шанса да се поврзете и да им помогнете да учат вештини и  нивно регулација во  иднина. Исто така праќате порака дека нивните чувстав НЕ СЕ ВАЖНИ. Децата треба да сеучат дека се способни за да се справуваат со своите чувства.

Не казнувајте.Никогаш не казнувајте, заканувате, засрамувате или донесувате судови за тоа како се чувствува вашето дете. На пример “Тажан си бидејќи сакаше уште едно парче торта“, доволно е само да бидете емпатични.

Да, прашувате премногу прашања. Кога детето е преплавено од силни чувства тоа нема способност  да одговори на многу прашања. Прво бидете емпатични потоа прашувајте. Да, велите се е во ред. Луѓето мислат дека ако тие кажуваат, се е во ред, ти си најдобар, шшш, но вистината е дека детето не е во ред сега, не се чувствува добро. Не треба да ги миниминизирате неговите чувства, кажете во ред е да плачеш, подобра опција е.

Имајте временски лимит. Исто така не ја користите емпатијата како техника за да ултимативно го прекинете плкачењето. Тоа не е целта. Целта е да им се  помогне на децата да им бидат слушнати емоциите, чувствата, и исто така разбрани,  валидирани  и поддржани, тоа можа да потрае.

More from СоветиMore posts in Совети »