Press "Enter" to skip to content

Вечер на празничен џез на “Jazzna & Friends“

“Приказна за еден град” е насловот на годинашниот новогодишен џез концерт на формацијата “Jazzna & Friends3 кој во Битола на 26 декември носи редица извонредни македонски музичари.Еден од нив е Џон Илија Апелгрин најпознатиот џез-вокал во Македонија во последните 30 години. Роден е во Лондон, Велика Британија, има британско-македонско потекло. Тој постави високи стандарди при изведување на најпопуларните џез-мелодии, а критичарите го споредуваат неговиот глас со гласот на Нет Кинг Кол. Неговиот индивидуален џез израз предизвикува илузија дека патувате во златните денови од ерата на некој светски Биг Бенд.На листата музичари од овој новогодишен џез концерт “Приказна за еден град” на “Jazzna & Friends“ се и Оливер Јосифовски, Дамир Имери, Славчо Коцев, Ади Имери, Сенад Хусеин, Рики Трајановски и Демир Кантуровски кои заедно со вокалистката Јасна Димитровска ќе направат вистинска џез бајка од познати кавери изведени во џез манир.Џезот ќе биде класична музика на иднината ќе кажат неговите почитувачи ширум светот, а битолската публика бара карта плус за овој концерт кој на 26 декември од 20,30 часот ќе се одржи во Големата сала на Центарот за култура во Битола.