Press "Enter" to skip to content

“Balkan fusion“ ново це-де, издание на Димитар Митревски, виртуоз на хармоника (фотогалерија)

Младиот виртуоз на хармоника Димитар Митревски има само 20 години, но го издаде своето второ ЦД издание насловено како „Balkan fusion“.Промоција се одржа во вила „Молика“ со голем број  гости пријатели, познати музичари, хармоникаши, пејачи од Битола, регионот и цела држава.“Balkan fusion“ и со самиот наслов фузија на различни звуци од овие простори во модерни аранжмани и џез  ритам. Младиот Димитар ги изведуваше како и да не допира со своите прсти типките од својата хармоника, со што ги воодушеви сите кои дојдоа на неговата промоција.На нашето прашање од кога започна да свири на својот инструмент тој ни одговори:-Со мојата хармоника се дружам од мои  3 и пол години, а талентот и љубовта кон него го наследив од мојот татко кој исто така свири на хармоника. На  10 години  започнав да одам на часови кај мојот професор, Кирил Стојковски кој ме научи на сите техники на свирење хармоника. Своето средно образование го продолжив во државното  музичко училиште во Битола, а потоа и Музичка академија отсек теорија на музика во Скопје и сега сум на втора година.  Моето прво ЦД го издадов во 2016 година, ова е мој посериозен проект на кој продуцент е  Михајло Манојловски.За своето ново це-де “Balkan fusion“, Димитар кажа дека изведбите се со модерни аранжмани со џез украси, а групата  “Инструментал бенд“  го прати сите изведби. Покрај ангажманот на  Музичката академија и свири на хармоника и придружува други пејачи при снимање на нивни це-деа.Димитар и понатаму ќе продолжи музиката да биде најзначајна во неговиот живот, ќе продолжи со творење на нови песни и аранжмани. Музиката е и ќе биде неговиот живот, се надеваме и понатаму на нови  квалитетни  изданија од  нашиот млад талентиран Димитар Митревски.

Жанета Ристевска