Press "Enter" to skip to content

Битолчани со порака од Дедо Мраз и голем огномет влегоа во Новата 2020 година (фотогалерија)

На плоштадот “Магнолија“, повеќе ијлади битолчани, точно на полноќ кога се преклопија сказалките на Саат кулата со голем огномет влегоа во Новата 2020 година, со дочек кој го организираше Општина Битола.На плоштадот заедно со сопругот и најблиските соработници беше и градоначалничката на Битола, Наташа Петровска, која како и изминатите години не беше на бината.Точно на полноќ, пред да започне со одбројувањето Дедо Мраз ја упати до присутните и до сите битолчани новогодишната порака кон битолчани, за среќа, здравје благосостојба…Битолчани во новата година влегоа со песните на “Зарина прва севда“.Во вечерната програма од 21 часот и освен етно пејачката Зарина Првасевда на плоштадот “Магнолија“ битолчани ги забавуваат ди-џеите Рикардо, Конт Тру и групата “Фанк Бенд“.

Текст и фото: С. Ристевски