Press "Enter" to skip to content

Се подготвува Бадниковата поворка, “Вечниот бог“ ќе се пее низ Широк Сокак

Дечињата и организаторите веќе се во финалниот дел од подготовките за најубавиот настан во годината “БАДНИКОВИ ПОВОРКИ – Битола 2020“, кои се организираат по овод Христовото раѓање.

Според организаторите веќе се изготвени златните ѕвезди за дечињата, а денесе ќе се подготовуваат коледарски пакетчиња. За утре е закажана генералната проба на песната 
“Вечниот Бог“ за сите дечиња, а утре повторно ќе се продолжи со изработка на ѕвезди.

Главниот настан ќе се случи на понеделник на 6 јануари 2020 година, со почеток во 11,30 часот, а збирно место за сите учесници ќе биде на фонѕтаната пред Завод и Музеј.

Потоа сите заедно низ Широк Сокак по повод Христовото раѓање на пладне ќе се одржи Бадниковата поворка на која се очекува да учествуваат стотици деца, а во поворката ќе бидат и нивните родители, комшии, пријатели… од Офицерски до Саатот и во црквата “Св. Димитрија“, а цело време на цел глас ќе се пее песната “Вечниот бог“.

-Добредојдени се сите дечиња и родители да се вклучат во подготовките. Дечињата може да бидат на било која возраст, а за родителите единствен услов е да бидат со добра мисла и желба за помагање, велат организаторите, кои додаваат, Бог ќе го награди секој оној, кој работи во името Негово.