Press "Enter" to skip to content

Лазар Рајчовски победник на новогодишниот битолски брзопотезен шаховски турнир (фотогалерија)

Во организација на шаховскиот клуб “Стево Патако“ во хотел “Милениум“ во Битола се одигра битолски брзопотезен шаховски турнир на кој учествуваа битолчани кои се членови на клубот, но и други играчи.Претсеадателот на клубот, Сашко Павловски, за турнирот рече:-На овој турнир се пријавија и играа 24 битолски шахисти, а за прв пат имавме и младинци. Се играше на 12 шаховски табли, за време од 3 минути плус 2 секунди за потег, а од одзивот сум задоволен, а секако и од постигнатите резултати. Се играаа девет кола, а  најдобрите добија парични награди. Секако морам тука да го споменам и заедничкото дружење, а и сами видовте колку е добра атмосферата, што шахистите бараат и месечно да има вакви турнири, но ние следното дружење го закажуваме за Велигден, исто така на брзински турнир.Победник во сениорска конкуренција е Лазар Рајчовски, второто место го освои ветеранот Борче Илиевски, а на трето место е пласиран Јосиф Димитровски.Прв победник во младинска категорија е Марјан Христовски, второпласиран е Филип Томевски, а на трето место е Алекс Насков.

С.Р.