Press "Enter" to skip to content

Пелистер тргнува со подготовки на 13 јануари, првиот тест со Тиквеш на 21 јануари

Тренерот на Пелистер, Зоран Штерјовски, зимските подгоровки ги закажа да стартуваат на 13 јануари, а до тогаш управата на клубот ќе се обиде да најде засилувања на неколку места.

По прозивката и тренинзите во Битола, тимот на Штерјовски ќе одигра и пет контролни средби, а по првата контрола против Тиквеш, Пелистер ќе игра и со Беласица, Брегалница, Струга Трим Љум и Кит Го за последна проба.

Пелистер во Втората фудбалака лига – запад, е лидер на табелата со 27 бода, два повеќе со амбиции во идната сезона да биде прволигаш.