Press "Enter" to skip to content

Деновиве пред 10 година: коледарски оган на плоштадот “Гоце Делчев“ (фото)

-Кога станува збор за коледарските огнови, а е поврзано со Битола, не може, а да не се спомене тоа што пред десетина години, а можеби и толку траеше, палењето на коледарскиот оган на плоштад, започна со своите сеќавања Димче Миновски, доајен на битолското новинарство.Коледарскиот оган беше запален и во 2010 година на плоштадот “Гоце Делчев“. Палењето беше извршено со огнена топка која “дојде“ од покривот на Центарот за култура, а се служеше и гравче со колбас и вино.-Иницијативата беше според мене добра, но немаше поддршка од црквата како што ја нема и денес оваа традиција, а ја имаше само со поддршката од тогашниот градоначалникот Владимир Талески. Потоа дојде и се актуелизира загадувањето на воздухот, а тука се традиционалните маалски огнови кои се битолска традиција, па така нема повеќе централен оган на плоштад, вели Димче Миновски, за неговите сеќавања пред 10 години во врска со коледарскиот оган на плоштад.