Press "Enter" to skip to content

Традиционално за Божик, магичен амбиент во домот на Маргарита Христова (фотогалерија)

Оваа година нов магичен амбиент и елката “Ангел“ во домот на нашата битолчанка, естраден уметник Маргарита Христова. Традиционално повторно го почуствувавме амбиентот во магично уредениот  дом на семејството Христови. А, тие како домаќини, во традиционален дух и манири на стара битолска фамилија, не пречекаа прељубезно и културно и можеби нашите фотографии, нема да можат вистински да ја доловат атмосферата која само може да се почуствува со душа.-Кај и да си, за Божик дома да си“ започнува  низ широка насмевка Маргарита Христова која се врати од патување во Доха, Катар каде престојуваше за време на Новогодишните празници кое го искористи приватно и професионално и додава:-Секоја година за време на Божикните празници сум во својот дом со моето семејство. Така сум воспитувана и ја почитувам традицијата. Сакам да  патувам, но тука се професионалните обврски, но секогаш овие денови сум ги поминувала дома. Еве и оваа година колку и да звучи чудно, после убавините, луксузот раскошот  на Доха, сепак кога се вратив дома во овој амбиент чувството на мир и спокој  во овој Божикен амбиент  е посебно. Се вратив од плус 30 степени на минусни температури во Битола, но топлината на домот не можа да ја замени ништо.Секоја година нивниот дом е посебно декориран, а  куќата добива магичан изглед.  Секој дел има посебна Новогодишна приказна, која придонесува да се чувствуваш волшебно и посебно. Во семејството Христови  Божик има големо значење и поради тоа го украсуваат домот со посебно внимание. Тие ни кажаа дека за осмислувањето на целиот Божикен и новогодишен амбиент е заслужна домаќинката Марија  Христова која се подготвува подолго време пред да започне со украсување на целиот амбиент. -Секоја година имаме различен амбиент, секој дел од куќата има и раскажува посебна приказна. Се разбира во центарот на внимение е нашата голема елка која оваа година е нашиот “ангел чувар“ на нашиот дом. Со неа и целиот амбиент е осмислен да биде со ангели наместени на различен начин во одделни делови на куќата. Морам да кажам дека без помош на сите во нашиот дом нема да изгледа се перфектно. Татко ми е тука да ги “осветли“ сите мои идеи и тој стрпливо поврзува многу кабли за да биде се осветлено и да изгледа магично, вели Маргарита.-Ние со сестра ми помогаме околу естетскиот дел, со исострено око, со совети, но главниот збор го има домаќинката. Сите купуваме нови декорации и украси за да секоја година амбиентот ни биде  интересен, нов  и оргинален, вели Маргарита, која додава и дека знае неколку часови во денот да потроши во овој амбиент, префрлувајќи се од една во друга приказна, од тема на тема, без разлика дали е до големата дневна соба кај елката, со салонот кај ангелите, кај пештерата каде се родил Христос, кај зимскиот амбиент за пиење чај во дворот…Јас би додала дека без љубов, почит и слога овој амбиент нема да ја има оваа магија која ја има и само може да се почуствува. Заради тоа и Божикните празници ја добиваат вистинската смисла. Се надеваме дека нашите фотографии ќе доловат дел од овој магичен Божик во домот на семејството Христови.

Жанета Ристевска

More from ИнтервјуMore posts in Интервју »