Press "Enter" to skip to content

Жељко Бабиќ, нов тренер на Еурофарм Пелистер

Поранешниот хрватски селектор, Жељко Бабиќ е нов тренер на Еурофарм Пелистер, стои во соопшрението на Еурофарм Пелистер, и ќе ја води екипата во вториот дел од сезоната, како и во натпреварите од СЕФА лигата.

-Со огромно задоволство, ве информираме дека нов шеф на стручниот штаб на РК Еурофарм Пелистер ќе биде Жељко Бабиќ, поранешен селектор на Хрватската ракометна репрезентација и тренер на РК Загреб, РК Мешков Брест и РК Горење Велење, стои во соопштението.

Жељко Бабиќ е роден на 19 мај 1972 година, а во својата досегашната тренерска кариера, како помошник тренер со репрезентацијата на Хрватска има освоено бронзани медали на Олимписките игри во Лондон 2012 год, Европското првенство во Србија 2012 год и Светското првенство во Шпанија 2013 год. Како селектор со ракометната репрезентација на Хрватска, на Европското првенство во Полска 2016 година го освои бронзениот медал.
 
Жељко Бабиќ е докажан ракометен стручњак, кој во нашиот проект влегува со голем ентузијам и желба за постигнување на врвни резултати и се разбира враќање на ракометните титули во најракометниот град – Битола. Управата на РК Еурофарм Пелистер му посакува едно огромно добредојде, многу заеднички успеси и долготрајна соработка, се вели со сооштението.
 
Деталите од договорот, како и останатите членови на стручниот штаб не се познати за јавноста. Бабиќ наскоро ќе пристигне во Битола и ќе се запознае со екипата и соработниците. 
 
Инаку, Еурофарм Пелистер денес во 17 часот ги започнува подготовките за пролетниот дел.