Press "Enter" to skip to content

Утрово, по повод Божик, света Златоустова литургија во црквата “Света Недела“ (фотогалерија)

Првиот ден по Христовото раѓање, Божик, среда, во битолската црква “Света Недела“ свештениците одржаа света Златоустова литургија.Иако температурата беше “во минус“, на службата присуствуваа битолчани кои претежно живеат во овој дел на градот, а и присутни беа и други кои беа дојдени во црквата од другите делови на Битола.На верниците, свештениците, им порачаа дека на овие денови се слави Христовото раѓање, а не смрта и воскреснувањето, па затоа не треба да се посетуваат гробовите на мртвите. Но, најголем број на битолчани денес се упатија кон гробовите на своите најблиски.Свештениците на крај на службата одржаа и света причесна и ги послужија верниците на крајот од службата со нафора, за нивно здравје.Сите дечиња кои учествуваат во црковната служба, оние кои се причестија и сите кои беа во црквата добија Божикни подароци.-Денес е голем ден, го славиме Христовото раѓање. Јас сум тука редовно во црквата, па и сега кога е голем празник, ја слушам литургијата, а се и во нареднит денови ќе доаѓам. Ги канам сите да дојдат, да не седат дома туку да дојдат во црките, да слушаат литургии и да се помолат за сите, ни рече баба Ивка, од населбата “Триаголник“.Богослужби во црквата “Света Недела“ ќе се изведуваат и наредните денови, а свештениците ги поканија верниците да присуствуваат на сите, за заедно да го слават Христовото раѓање.

С.Ристевски