Press "Enter" to skip to content

Жељко Бабиќ стави потпис на 1,5 годишниот договор со Еурофарм Пелистер (фото)

Денес во просториите на Еурофарм Пелистер се потпиша договорот со кој се обврза Жељко Бабиќ да ја води екипата до јуни 2021 година. 

По потпишувањето на договорот Бабиќ рече:-Ова е ново искуство за мене, нов предизвик во еден проект кој има своја иднина, за веднаш ќе кажам дека во разговорите беше потенцирано еден ден од овој клуб да има што повеќе македонски репрезентативци и да го организираме на ново ниво младинскиот погон. Се надевам дека добро ќе се снајдам во овој период и Еурофарм Пелистер ќе биде подобар од тоа што е сега и додаде:

-Верувам и знам дека можеме да играме поквалитетна одбрана и ќе пробаме да играме со промени во одбраната и да имаме повеќе ротации и да играме побрзо. За сега како рече претседателот нема да има нови ракометари до летото и ќе играме со овој добар тим. Првиот предизвик е СЕХА лигата, екипата на Нексе.

-Нексе е добар тим, но и иие имаме свои квалитети. Првиот натпревар е во Хрватска и тоа ќе биде интересен натпревар и се надевам на еден  борбен натпревар од наша страна. Следува и плеј-офот во кој се уште не ги знам сите екипи, но имаме време да се подготвиме.

С.Р.