Press "Enter" to skip to content

Битолчани ќе плаќаат три комунални сметки на едно место без провизија (фото)

Започнаа со работа трите шалтери на битолските јавни комунални претријатија “Водовод“, “Нискоградба“ и “Комуналец“ кои се сместени на едно место, во зградата Работничкиот Универзитет, на улицата “Рузвелтова“ (наспроти “Пионерски“).На ова место битолчани ќе можат да ги плаќаат сметките за вода, канализација и губретарина, без провизија, а утрово тоа го направија голем број.